Здраво тело

Намалете ги настинките со Цинк

Направени се статистики според кои секоја година добиваме најмалку по една настинка по жител. Затнатиот нос, тешкотии при дишењето, болки во главата и подкашлувањето, се сипмтомите на настинката која го ни го попречува нормалното живеење која што обично трае околу 2 недели. Една од можните заштити преставува консумирањето на дополнително количество цинк, со што го правиме нашиот имунолошки систем посилен.

Цинкот од прилика делува против 40 различни типови на вируси. Покрај останатитем, тој делува против вирусот на преладувањето, грипот и херпесот. При внесувањето на дополнително количество на цинк, тој не само што го зајакнува нашиот имунолошки систем, тој исто така го спречува и брзото размножување на бактериите на вирусите. Цинкот делува директно на обвивката на вирусот, па заради тоа мастите со цинк делуваат добро кај херпесните инфекции на усните.

Напиши коментар