Здраво тело

Намалете ја температурата по природен пат

Температурата само по себе обично не е опасна. Тоа е нормална и здрава рекција на телото односно знак дека се бори со инфекција и дека имунолошкиот систем функционира. Во аптека можете да најдете многу состојки за симнување на температурата по природен пат, кои предизвикуваат потење и на тој начин го ослбодуваат телото од отровните материи.

Еве неколку совети за симнување на температурата:

1. Кога имате покачена температура телото губи многу течности, а со тоа и драгоцени витамини и минерали.Поради тоа голема количина на течности и чаеви и други топли напитоци како и многу свежо овошје се прв чекор кон оздравување.

2. Домашниот сок од малина ја смалува температурата и ја враќа енергијата на болниот. Во малку вода згответе малини а топлиот напиток пијете го наутро и навечер.

3. Билниот чај за тераписко потење се состои од 20г камилица, 20г мајчина душица кои делуваат антисептички и 20г липа која го предизвикува потењето. Со зовриена вода прелијте ја мешавината( на една шолја доаѓа 1 кафена лажица билки). Оставете да отстои 10 минути и напијте се 2 чаши на ден.

4. Миење на телото со оцет има благотворни ефекти. Пред капење, со натопен суѓер со разблажен оцет истриете го телото, потоа истуширајте се со топла вода,завиткајте се во загреан пешкир и право во кревет.

5. Мајчината душица исто така го олеснува дишењето. Со еден литар зовриена вода прелијте 20г мајчина душица и 30г свеж лимон. Оставете да се олади , потоа исцедете го и пијте 3 пати дневно.

Забелешки

-Во случај на висока температура,како превентива против грип треба да ја искористите моќта на лукот.  Згмечете едно чешне и додајте го во жешка супа.

– Најпрецизната температура се добива пред оброк. Во текот на денот треба да мерите 2 до 3 пати.

– Лековите за симнување на темературата можат да се добат и без рецепт па нивната примена е понекогаш нерационална и претставува голема опасност за децата.Пожелно е совет со лекар.

Write A Comment