Пијалокот е со убава лилакова боја, а и е многу вкусен. Исто така, може да ги замените боровинките со друго овошје.
Потребно е:
- 250 мл јогурт
- 200 гр боровинки
- 60 мл млеко
- 1 лажица мед
- коцки мраз
Подготовка: Во блендер се ставаат јогуртот, боровинките, млекото, медот и неколку коцки мраз. Миксајте додека да добиете хомогена смеса.
