Веќе и птиците на гранка знаат дека цветните дезени се во мода оваа сезона. Доколку ви треба малку забава, а воедно сакате да направите нешто необично од обичните бели фармерки ова е нашиот предлог. Потребно ви е едно парче чипка со цветови, маркери во омилените бои.
Ставете парче од чипката на фармерките и обојте ги цветовите. Кога ќе го тргнете парчето чипка вие ќе го имате отсликано дезенот на вашите фармерки.






