Кога станува збор за здравјето на бубрезите и витката линија, сите одбегнуваме да консумираме сол, го намалуваме на минимум за да избегнеме задржување на водата во организмот.
Меѓутоа, кога е во прашање нега на кожата, солта навистина може да биде корисна. Згора на тоа, кога ќе прочитате за што сè може да ја користите, веројатно ќе ја купите во големи количини.
Забелешка: Кога правите домашни производи за убавина, најдобро е да изберете морска сол со крупни зрна.
Спреј за брановидна коса
Сакате брановидна коса како од плажа? Направете домашен спреј кој ќе ви помогне да добиете таква фризура. Во врела вода ставете лажица регенератор и 4 лажици сол. Измешајте и почекајте да се олади, и ставете во шишенце со распрснувач. Коститете на ист начин како и производите за стилизирање на кадрици.
Пилинг за тело
Солта е одлична состојка за пилинг од домашно производство. Измешајте ја со маслиново масло и тријте го целото тело, особено областите со целулит.
Дезодоранс
Секако дека не предлагаме дезодорансот да го замените со солта, но ако во моментот ви се потроши, а сакате да се заштитите од непријатни миризби, тогаш по туширањето лесно истријте ја областа под пазувите со малку сол.
Маска за волумен
Со помош на солта може да направите маска за поголем волумен на косата. Додадете лажичка сол во вашиот вообичаен регенератор, оставете да отстои 20 минути и нанесете го на косата. Исплакнете по 15 минути и уживајте во убава, бујна коса.
