← НАЗАД НА БОЗА

Направете сами сапун со билки кој ја смирува кожата

Направете сами сапун со билки кој ја смирува кожата
611 Читања

Ова е еден интересен рецепт за тоа како да подготвите домашен сапун со билки.

За да го подготвите потребно ви е: 150 гр глицерински сапун кој ќе го изрендате. Подгответе 90 мл од вашиот омилен чај ( камилица, нане, липа, хибискус…) Во чајот ставете 40 мл лимонов сок  и ставете го и сапунот. Додадете една и пол лажица исецкан рузмарин и една супена лажица овесни снегулки. Капнете 5-6 капки од вашето омилено етерично масло и оваа смеса ставете ја во калапи. Доколку сакате може да ставите цимет, екстракт од ванила или друг ваш омилен зачин.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk