Убавина

Направете си сами богато хранлива крема од мед

Ова е крема која ќе ја обнови вашата кожа и ќе ја направи мека и нежна за многу кратко време.

Потребни состојки:

–      2 лажици путер од какао

–      1 лажица мед

–      ½ лажица масло од јојоба

–      1 капка есенцијално масло лаванда

–      2 капки есенцијално масло од чаеви

Подготовка:

Растопете го путерот од какао се додека не стане течен. Тргнете го од оган и прелијте го во стаклен сад. Додајте го медот и убаво промешајте. Во друг сад измешајте ги есенцијалните масла. Измешајте ги убаво и двете содржини и затворете го убаво садот. Оставете го во просторија во која нема сонце и топлина. Намачкајте се со оваа крема и оставете нека делува 30 минути, а потоа отстранете го вишокот на маснотија со хартиено шамивче.

Write A Comment