Убавина

Направете си сами природни шампони за коса

Природните домашни шампони се најбезбедни за употреба, а верувајте чинат помалку од оние фабричките. За кратко време можете да ги направите самите.

Шампон од сода бикарбона – овој шампон е одличен за отстранување на нечистотиите, перутот. Особено се препорачува за луѓето со масна коса. Се што е потребно да направите е да земете една лажица сода бикарбона и да ја измешате со една или две шољи вода. Смесата вмасирајте ја кожата на косата ќе бидете изненадени од резултатот.

Шампон од лимон и краставица – лимонот е природно средство за чистење, а краставицата има лековите својства. Во блендер се ставаат излупениот лимон и краставица. Потоа смесата се става на косата и се остава неколку минути да стои, а потоа се плакне.

Шампон од јајца – овој шампон е идеален за сува и виткана коса. Изматете две јајца, додадете две мали лажици маслиново масло, две лажици сок од лимон и три лажички сода бикарбона. Нанесете ја смесата на косата, убаво вмасирајте и исплакнете ја косата.

Write A Comment