Овој пијалок одлично влијае врз здравјето на кардиоваскуларниот систем и подобро варење, а егзотичноста која ѓумбирот му ја придава на секое јадење и рпидобивките за здравјето на луѓето се добро познати. Медицинските истражувања укажуваат на тоа дека коренот на ѓумбирот е одличен при мачнини и повраќање предизвикани од различни болести.
Многумина го користат овој зеленчук за зајакнување на имунитетот и против кашлица. Меѓутоа, ѓумбирот е одличен чистач на организмот, а во комбинација со сочните крушки полни со диетални влакна, го подобруваат варењето и го забрзуваат процесот на слабеење.
За овој еликсир потребни ви се 3 круши, 2 тенки прстени ѓумбир и една четвртина од краставица. Сите состојки ставете ги во блендер, добро испасирајте и послужете веднаш.
