ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 175гр темно чоколадо
* 7 јајца
* 140гр путер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Рерната загрејте ја на 130 степени. Подгответе калап за торта, намачкајте го со путер и обложете го со хартија за печење. Чоколадото искршете го на коцки и ставете го на пареа да се стопи. Пред крајот откако чоколадото ќе се стопи, додадете го на коцки исецканиот путер и мешајте додека не се стопи.
Одвоете ги жолчките од белките и во еден сад пенасто изматете ги жолчките и додадете им ја, лесно мешајќи, изладената смеса од чоколадо и путер. Во друг сад изматете снег од белките, и лажица по лажица додавајте во претходно подготвената смеса полека мешајќи додека смесата не стане хомогена.
Смесата ставете ја во подготвениот калап и покријте ја со фолија. Калапот ставете го поголем сад за печење и наполнете го со врела вода до половина на калапот.
Печете 25 минути, по што средината на тортата треба да остане мека, а површината обложена со крцкава кора. По печењето колачот оставете го да се излади на собна температура, попрскајте со шеќер во прав и послужете.