ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1 шолја растително масло
* 2 шолји гриз
* 3 шолји шеќер
* 4 шолји жешка вода
* 100 гр ситно сечкани бадеми
* малку цимет, по желба
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во големо тавче ставете ги маслото и гризот. Со постојано мешање, гответе го гризот додека да добие златно-кафена боја. Додадете ги бадемите и промешајте ги, за да се тостираат малку. Шеќерот измешајте го со водата и мешајте додека да се растопи. Полека, додавајте од сирупот во смесата со гриз. Мешајте и продолжете да готвите се додека целиот сируп не биде апсорбиран од гризот. Кога сето ќе се згусне, ставете го во друг сад и оставете да се олади сосема. Сервирајте ладно со малку цимет.
