ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
*1кг тиквица,
*1 павлака,
*100мл зејтин,
*сол,
*100г брашно,
*2 јајца,
*1 чешне лук
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Исечете ги тиквиците на кругчиња, посолете ги и оставете ги водата да излезе од нив. Од брашното, јајцата и водата направете смеса за поховање. Во смесата извалкајте ги тиквиците и испржете ги на загреан зејтин. Наредете ги во сад за печење, премачкајте со павлака, додајте исечкан лук, па повторете ја постапката додека имате материјал.