Потребно:
- 200 грама шунка
- малку сол
- 100 грама путер
- 50 грама презла
- малку морско оревче
- 100 милилитри масло
- малку мајоран
- 1000 грама компир
- 1 жолчка
- 50 грама брашно
- 2 Јајца
Подготовка:
Компирите се варат заедно со лушпата. Потоа се лупат, се гмечат или пасираат, се додава омекнатиот путер, јајцата и малку сол.
Тестото добро се меша да стане компактно, а потоа се сече во дебелина од еден сантиметар и се прават крофнички. Шунката ситно се сече, се додава жолчка, малку презла, мајоран и рендано морско оревче. На половина погачки се става малку фил и се покрива со друга погачка.
Краевите се притиснуваат да се залепат и се пржат во загреано масло.
