Мојата кујна

Направете вкусни пржени прстени од кромид!

Потребни состојки:

  • 10 лажици презла
  • 2 лажици пире во прав
  • 2 главици кромид
  • 230 милилитри газирана вода
  • 120 грама брашно
  • 60 грама пченкарно брашно
  • малку црвен пипер

 

Подготовка:

Убаво измешајте ги обичното брашно и пченкарното брашно. Додадете две лажици од пире во прав. Зачинете малку со лут црвен пипер и сето тоа промешајте го убаво.  Полека додавајте ја киселата вода и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Во друг сад ставете ја презлата.
Земете кромид и исечете го на кришки не подебели од 1 центиметар и одвојте ги кришките на прстени.
Со помош на вилушка ставете ги прстените од кромид во садот со смесата што најпрво ја направивте и убаво покријте ги со смеса да бидат целосно премачкани, па потоа со помош на друга вилушка тркалајте ги во лебните трошки.
Потоа на средна јачина загрејте масло (не повеќе од 1,5 центиметар зејтин) во тава за пржење и пржете ги прстените 2-3 минути.
Откако ќе бидат готови оставете ги на салфетка малку да се исцедат, зачинете со сол и вкусете.

Уживајте.

Напиши коментар