ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 20-30 листови винова лоза
* 300 г мешано мелено месо
* 100 г ориз
* 1 јајце
* 2 кромид
* 2-3 чешниња лук (ситно исечкано)
* 2 домати (или неколку лажици доматно пире)
* малку сол, бибер, мелен ким
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Кромидот исечкајте го на тенки крукчиња. Ставете го во пластичен сад и со рацете стиснете го неколку пати за да омекне. Додадете малку сол, црн пипер и мелен ким.
Оризот измијте го и ставете го во садот со кромидот.
Во садот додадете го меленото месо. Смесата добро промешајте ја и додадете едно јајце.
Отстранете ги дршките од листовите винова лоза и попарете ги со топла вода. Оставете ги се додека не омекнат и исцедете ги.
На средина на листот, ставете 1 лажичка од смесата. Превиткајте ги најпрвин страничните делови, а потоа завиткајте ја во ролна. Постапката повторете ја со сите листови од винова лоза.
Во сад, на оган, на малку масло за готвење, запржете еден ситно исечкан кромид и лук. Додадете и исечкан домат (или доматно пире).
Врз испржениот кромид ги редиме свитканите сарми, налеваме со топла вода (колку да ги покрие сармите) и сармата ја крчкаме барем 35 до 40 минути.
