Потребно:
- 150 грама Презла
- 1000 грама Пилешко
- 150 грама Кашкавал
- 150 грама Брашно
- 2 Јајца/це
Подготовка:
Белото месо сечете го по должина на пола, за да добиете две шницли, односно вкупно 8 шницли. Шницлите ставајте ги помеѓу два листа хартија за печење и добро исчукајте ги. Во посебна чинија измешајте го кашкавалот ситне изрендан, презлата, ренданата кора ок портокал и сецкан першун.
Шницлите прво поминете ги во порцијата со брашно, па во матените јајца и на крајот во подготвената мешавина со кашкавал (добро притискајте со раце за смесата убаво да се залепи на месото).
Пржете ги шницлите од секоја страна додека не поруменат. Вадете ги шницлите на кујнска хартија да се исцеди од непотребната маснотија.
