Убавина

Научете како се плете хит фризурата – „рибина коска“

Искрено, гледајќи како феноменално изгледа плетенката наречена „рибина коска“ (бидејќи токму така изгледа, како коска од риба) мислев дека е мошне комплицирана и воопшто не се потрудив да научам како се плете. Меѓутоа кога налетав на оваа статија каде сликовито е објасната целата процедура, сватив дека полесно не може да биде.

Еве во кратки црти за што се работи:

Треба да ја поделите косата на два дела. Почнувате од едната страна. Земате праменче од надворешната страна што отприлика треба да биде 1/4 од конкретната половина и го преметнувате во средината. Истото го правите и со праменче од другата страна. И цело време се пофторува истото. Земате тенки праменчиња наизменично од надворешната страна и ги преметнувате во средината.

Инструкции:

Напиши коментар