Prison brake

Научниците oсмислиле тест за предвидување на смртта

Истражувачи објавија резултати од крајно морбидна стидија: ’’тест на смртта“ со кој може да се предвиди веројатноста да наизглед здрав човек умре во наредните 5 години.

Тестот на крвта ги прати четирите “ биомаркери“, молекули кои укажуваат на здравствената состојба на организмот.

Истражувачите откриле дека кога тие биомаркери се зголемени или намалени во однос на нормалната вредност, субјектите имаат пет пати поголема шанса да умрат во наредните пет години.

Резултатите објавени во Плос магазинот за медицина, се добиени низ два експеримента.

Во првиот истражувачи од Естонија проучувале 9842 лица, меѓутоа, се сомневаа во своите резултати, па ги замолија  колегите од Финска да го повторат испитувањето.

Тие го сториле тоа со 7.503 испитаници и тогаш немало повеќе сомнеж.

Секој експеримент траел по пет години низ кои од вкупниот број умреле 684 лица. Сите починати имале пореметено ниво на споменатите био маркери.

Тоа се зголемени  нивоа на орозомукоиди и цитрати, состојки на крвта кои се врзани за метаболизмот, намалено ниво на протеини, албумини и намалена големината на честичките на липопротеинот, ниска густина односно “ многу лош холестерол“.

Тоа што е посебно интересно, е тоа да овие биомаркери го рефлектираат ризикот од умирање од разни аспекти на болести како што се срцевите заболувања или рак. Тие се знаци за пропаѓање на телото, велат истражувачите.

Меѓутоа, поради опсервационата природа на истражување, тоа  може да ја покаже само врската, а не причините и последиците, па затоа има ограничен ефект.

 

 

Напиши коментар