Убавина

Навики кои ќе го намалат и исчистат целулитот!

Кога целулитот е поврзан со зголемена телесна тежина (дебелина), тогаш тоа негативно делува на здравјето.

Точните причини за целулитот не се познати, но медицинските експерти утврдиле некои фактори кои го зголемуваат и некои фактори кои го намалуваат целулитот.

Што го намалува целулитот?

Правилна исхрана со многу овошје и зеленчук, која содржи витамини А,Е,Ц и К, поволно делува на метаболизмот и ги намалува масните наслаги во телото.

Вода и природни сокови без шеќер во организмот овозможуваат правилно варење на храната и исфрлување на токсините од телото. Лимонадата без шеќер е доста корисна.

Правилно и длабоко диешење (исклучително чист воздух) овозможува во крвта да има доволно кислород, што спречува зголемување на штетните состојки во организмот.

Умерени физики активности, аеробик, фитнес, пилатес или обична прошетка – овозможуваат поголемо согорување на вишокот килограми, маснотии, овозможувајќи рамномерно намалување на масните ткива и затегнување на мускулите.

Масажата ја зголемува циркулацијата на крв, што спречува создавање на масни наслаги под кожата. Во најново време се применува и ултразвучна масажа. Масажата делува смирувачки, што исто така поволно делува на намалување на целулитот.

Опуштеност, спиење и одмор (во доволни количини) – исклучително се важни во борбата против многу болести и тегоби, а и против целулит. Корисно се покажало и опуштање со јога вежби.

Растителни влакна, интегрални житарки и протеини во исхраната поволно делуваат на спречување на дебелината и појава на целулитот, бидејќи со малку храна се постигнува ситост и квалитет на варење на храната.

Зеленчук: морков, спанаќ, соја, карфиол, домат, лук, брокули, грашок и грав – содржат состојќи кои ја “затегнуваат кожата”.

Овошје со светла боја: портокал, грозје, круши, јаболки, банани, праски, боровници, јагоди, кајсии, суви сливи – содржат антиоксиданси и го потпомагаат исфрлување на течности од организмот.

Често капење, туширање, пливање или сауна – овозможуваат кожата да дише и низ потните жлезди да ги исфрла штетните материи. Капењето во “чиста” бања, поволно делува на кожата и поткожните ткива.

Интензивно-пулсирачка светлост од современите специјални апарати, поволнно делува против целулитот, иако оваа метода е сеуште во експериментална фаза.

Есенцијалната масна киселина, која ја содржат: рибата, оревите, бадемот, маслиновото масло, а тоа помага во обновување на ткивата.

Пилешко, обработено млеко и јајца – се препорачуваат во исхраната, наместо за силни и масни меса.

Ова се некои совети кои Вам можат да ви помогнат во борбата против целулитот, но и против дебелината, за подобар и здрав живот.

Write A Comment