← НАЗАД НА БОЗА

Навики за перење поради кои ја уништувате гардеробата

Навики за перење поради кои ја уништувате гардеробата
614 Читања

Перењето на алишта е работа која никогаш не е завршена. Иако можеби ви изгледа дека веќе добро сте уходани во перењето, ви претставуваме насоки кон кои би требало да се придржувате за вашата облека да биде што подолго нова и сочувана.

1. Облеката ја оставате во машината за перење

Најдобро е облеката веднаш по перењето да ја извадите и да ја ставите на сушење. Доколку облеката остане некое време и по перењето во машина, можноста е поголема да се изгужва и набере а потоа ќе ви биде потешко да ги испеглате.

2. Заборавате да ја протресете и израмните

Облеката која ќе ја протресете и на некој начичн ќе ја исправите ќе биде порамна и помалку изгужвана, а полесно ќе ја испеглате.

3. Испраните, испеглани и чисти кошули и џемпери ги ставате на горниот дел од полицата во шкафот

Престанете со оваа навика. Работите кои помалку ги носите, ставајте ги на последната полица, а почесто користената облека на пониските полици за полесно да дојдете до нив.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk