Motherhood

Не чекајте 30 за да правите дете

Немојте да чекате да влезете во четвртата или петтата деценија од вашиот живот за да имате деца, бидејќи како што поминуваат годините шансите за забременување се намалуваат се повеќе, предупредуваат британските доктори од Кралскиот колеџ на акушери и гинеколози.

Тие спровеле истражување, кое покажало дека жените на 35 години имаат 6 пати помала шанса да останат бремени од жените помлади за 10 години.

Докторите потсетуваат дека бременоста во подоцните години не само што е тешко да се постигне, туку може и да предизвика сериозни здравствени компликации и ризици за мајките и за децата.

Веќе во 40-тите години, поголеми се шансите жената да доживее спонтан абортус отколку да се породи, а децата зачнати во тие години може да бидат предвремено родени или пак да се родат со некое генетичко пореметување, пренесува “Daily Mail”.

Плодноста рапидно се намалува и кај мажите откако ќе наполнат 25 години, а експертите проценуваат дека на 40-годишните мажи во просек им требаат 2 години за да ја забременат својата партнерка, дури и ако таа е во третата деценија од својот живот.

Британските медиуми оценуваат дека ова известување е јасно предупредување за идните родители да не чекаат многу за да основаат фамилија, со оглед на тоа дека во последните 20 години е забележан баш тој тренд.

Навистина, статистиката покажува дека бројот на жени кои родиле после четириесеттата година, во последните 20 години се има тројно зголемено, а просечната возраст на мајките од 1968 година до денес, се зголемила од 23 на 29.3 години.

Експертите инсистираат дека овие факти за раѓањето мораат да бидат достапни за жените, кои во денешно време најпрво се посветуваат на кариерата, за да ги потсетат дека идеалното време за создавање на фамилија е имзмеѓу 20-тата и 35-тата година.

Write A Comment