Убавина

Не, ова не е Адријана Лима. Ова е девојката која со помош на шминка може да стане било кој! (Видео)

Талентираната Промис Фан со помош на шминка може да се маскира во кого ќе посака. Таа раководи со канал на YouTube, на кој им презентира на девојките како најдобро да се нашминкаат. На многумина им е невројтано сто се оваа девојка може да нправи со помош на шминката. Ние ги одбравме нејзините пет најдобри трансформации.

Анџелина Џоли

Ова видео го имаат погледнато повеќе од 21 милион луѓе, и тоа не без причина. Промис, која природно има спутени капаци, со помош на шминка успеала да си нацрта големи раскошни очи исти како на глумицата. Не само тоа. Но контурите на носот и на лицето ги исцртала со помош на бронзер и руменило, и сето тоа така да изгледа неверојатно слично на Анџелина Џоли.

Џесика Алба

И вие можете да изгледате како оваа Холивудска ѕвезда. Се што ви е потребно е добра пудра, моливче , бронзер и сенки за очи. За подобар впечаток таа ставила перика што изгледа како косата на Џесика. Една од најистакнатите особини на лицето на оваа глумица, се секако очите, па ним треба да им посветите посебно внимание, како и на јагодиците, кои мораат добро да се истакнат.

Адријана Лима

Една од најуспешните трансформации е секако онаа во која Промис пред нашите очи станува Адријана Лима. Во овој туторијал посебно внимание морала да му посвети на својот нос, со цел да го направи како на манекенката, кој е значително помал и со поинаков облик. Доколку сакате да дознаете како во целост да го промените обликот на носот и целото лице, погледнете го ова видео.

Бијонсе

Иако пејачката има различна боја на кожата, Промис не дозволила тоа да ја спречи. Таа целото свое лице и деколте го обоила со потемна пудра, по што очите ги нашминкала драматично и упадливо, баш како Бионсе.

Адел

За разлика од Бионсе, Адел има многу посветла кожа, па оваа шминкерка морала да ја осветли својата кожа за неколку нијанси. Повторно ги истакнала капаците и ставила впечатлив туш, заштитен знак на пејачката. Светлите леќи и периката се обавезни доколку сакате да изгледате како Адел, а исто така потребно е и светлорозово руменило.

Напиши коментар