Убавина

Не спиењето влијае на убавината!

Луѓето кои недоволно спијат имаат повеќе од дупла шанса да умрат од срцеви болести, заклучок е големата британска студија. Иако причините кои водат до тоа се помалку нејасни, научниците се сигурни дека недостатокот на сон доведува до висок крвен притисок, еден од факторите кои го зголемуваат ризикот за заболувување од срцеви болести.

Споменатата студија траела 17 години во која е пратено здравствената состојба и навиката на спиење на 10.000 државни службеници. Оние кои ноќе спиеле од 19 до 05 часот или помалку саати го зголемиле ризикот за предвремена смрт заради тоа што го зголемиле и ризкот за срцев удар.

Ова истражување ја подцртува опасноста од урбаниот животен стил, кој се повеќе го водиме, вели Francesco Cappuccio, професор по кардиоваскуларна медицина на универзитетот Warwick’s Medical School.

“Третина од Британците и преку 40% од Американците редовно спијат помалку од 5 часа. Друштвото и пријателите се тие за кои ние си го скратуваме сонот и сакаме да направиме се повеќе работи во еден ден” велат од универзитетот.
“Кога зборуваме за превенција, нашите наоди укажуваат дека редовното спиење од 7 саати во ноќта е најоптимално за здравје”, вели проф. Капучио.

Напиши коментар