man fashion

Не заборавајте на својот часовник!

Мажите сакаат часовници, не само поради нивната функционалност туку и поради разновидноста кога станува збор за изборот. Разновидноста ги одредува трендовите кои диктираат како ќе изгледа и кој дизајн ќе го има часовникот, како што е случај и со мобилната индустрија. И на овај начин, со одбирањето на одреден часовник, се вбројувате меѓу луѓето кои ги следат или не ги следат трендовите.

Луѓето кои преферираат “casual style” обично одбираат и такви часовници, додека луѓето кои се деловни, најчесто се одлучуваат за часовници кои се елегантни, класични и од познати брендови. Разновидноста на стиловите, се разбира за оние кои живеат на висока нога, можат да комбинираат повеќе часовници кои се брендирани, во зависност од стилот на облека кој го носат во моментот.

Најпознати брендови во светот на часовниците се:

  • Rolex
  • Omega
  • Swatch
  • Fossil

Часовникот кој во исто време е функционален и убав за очи може да биде идеален моден додаток кој ќе го нагласи вашиот стил. Во потрага по адекватен модел за дополнување на целосниот стил, било тоа да е за прошетка, вечера, кинo или сл, потребно е да се знаат можните избори кои го обиколуваат светот.

Часовникот одамна не е само покажувач на времето, туку е и вистински статусен симбол. Можете да купите супер автомобил, да носите брендирани алишта, но добриот часовник, од познат произведувач го претставува врвот на стилот, моќта и начинот на живот.

 

Напиши коментар