Здраво тело

Ви го презентираме чајот од магдонос

Се сеќаваме на раните години на пубертетот, кога за смирување на менструалните болки ни даваа да пиеме чајче од магдонос и камилица.

Исто така, знаеме дека чајот од магдонос секогаш се препорачува при нередовен менструален циклус, но билкарите ги открија сите корисни својства на зелениот пијалок.

Магдоносот се користи во третманот на сите проблеми поврзани со бубрезите. Овој чај треба да се пие во случај на инфекција на мочниот меур, како и при појава на камења во бубрезите.

Чајот од магдонос наоѓа примена и во профилаксата и лекувањето на ракот на дебелото црево, како и при рак на грлото на матката.

Едно од бројните својства на зеленото растение е отстранувањето на лошиот здив. Особено ефикасен е кога јадете кромид или лук и сакате да неутрализирате мирисот.

На зошто дејствува така благотворно?

Магдоносот е богат со фолна киселина, која е од суштинско значење за кардиоваскуларното здравје. Тој содржи и многу витамини А, Ц , Е и минерали, а неговото редовно користење, придонесува за намалување на лошиот холестерол. Ако страдате од висок притисок, исто така можете да го користите чајот од магдонос за неговото намалување.

Тој смирува цревата, го подобрува варењето и отстранува гасови. Магдоносот е богат и со железо, па неговата употреба се препорачува во случај на анемија.

Напиши коментар