After Midnight

Некаде помеѓу желбата да ме имаш, а да не бидам твоја

–          Зошто секогаш водиме војна? Го прашав, не насмевнувајќи се.

–          Зошто да не?

Дрзок е, а јас сум бесна. Кретен е. Секси е, но сепак кретен! Бесна сум што го посакувам, бесна што секогаш се враќам по она што не го добивам.

–          А што сакаш ти да водиме?- ме праша, прекинувајќи ја тишината.

–          Нешто што не наликува на битка во која никој не губи и никој не добива.

–          Малечка, се е работа на битка. Дури и тоа што ти се врти во главата. Рече.

–          Не ме викај малечка. Тоа е под еден. А под два, мислев на секс.

–          Мислиш на љубов? Во еден момент си во позиција да условуваш, во друг да се потчинуваш… Таа противрчност кај тебе ме пали. Никогаш не знам што е следното што ќе го побараш… или дадеш.

–          Те посакувам,те посакувам, те посакувам,те посакувам. Да ти се дадам до крај. Ете тоа.. сепак си кажав само во себе.

–          Оваа канцеларија ме збунува. Не разбирам зошто имаш толку убаво биро и кревет на развлекување.

–          Знаеш ти зошто…За такви како тебе …

Ми се доближи, а јас се скаменив. Каде сега ми побегна сета моја храброст, дрскост и карактер?

Ќе ги оставам на ова биро, очигледно.

Ме зема, ме подигнува и мене и сета моја желба на бирото и не предизвикува. Ми поминува со прстите од вратот до бутините, непропуштајќи ниту еден единствен милиметар, а јас се ежам, боже, зарем мораше ова баш сега да ми се случи?! Моето тело секогаш ги покажува своите чувства, за разлика од мене. Знаев дека често не можам да го контролирам мојот карактер, а сега ми е јасно дека не можам ни телото. Ни воздишките. Ајде бакни ме веќе еднаш! Но не ме бакна…

–          Знаеш, уживам во ова и во твоите воздишки, сакам играта да трае што подолго, бидејќи само сега си искрена пред овој човек кој те допира. Ми ги гледаш усните и сакаш да те бакнам. Не да те бакнам, туку да те бакнувам.

Овој човек ќе ми дојде преку глава…

–          Замоли ме… – продолжи тој.

–          Ќе те погледнам замолувајќи те, дали е тоа доволно?

–          Не е. Рече…Сакам да слушнам.

–          Не сакам! Ниту за сто години.

Ја откопча кошулата до крај, но не ја соблече. Се оддалечи од бирото, па тогаш повторно ми пријде, ме фати за главата малку грубо и ми прошепоте…

–          Како не разбираш дека нема да направам ништо што нема да побараш, а ќе те натерам да побараш се што ми се прави?

Потоа ми ја соблече кошулата, ја изгужва и ја фрли на подот. Почна да ме бакнува насекаде, освен на усните… Знаеше дека тоа најмногу ми треба и не ми го даде. Не ми дозволи да имам контрола. Никогаш… Ме остави така да лежам, посакувајќи го неговиот здив на моите усни, ја закопча неговата кошула, ми ги фрли клучевите од станот, но не и од неговото срце и ми рече…

–          Кога ќе бидеш спремна да си играш, без стегање и граници, знаеш каде да ме најдеш…

Горд е и доминантен. Арогантен, трпелив, луд и неверојатно, неверојатно одлучен. Знам дека го мисли ова што го кажа. Сето она што е тој, јас ќе бидам уште повеќе… Па до каде ќе стигнеме! Кој прв ќе попушти, не знам… Се надевам само дека тоа нема да бидам јас! Баш како што кажа, секогаш водиме прво војна, а никоко да дојде на ред да водиме љубов….

Write A Comment