Motherhood

Неколку едноставни начини да го зацврстите вашиот брак

Доколку сакате до крајот на животот да останете со личноста со кој сте во моентов во брак, тогаш мора да го ставите бракот на списокот на приоритети. Еве неколку едноставни совети да го подобрите или да го одржите квалитетот на вашиот брак.

Одвоете време да бидете сами

Одвоете време да останете сами и да го пуштите вашиот сопруг некое време да остане сам. Научете се да почувствувате кога му е тоа потребно или едноставно дозволете му тој да ви каже, а вие направете го истото. Само кажете го тоа еден на друг на убав начин.

Поврзете се со неговите пријатели, а тој со вашите

Ако веќе не сте блиски вие со неговите и тој со вашите пријатели, испланирајте некое заедничко патување со цел подобро да се запознаете. Интересот за луѓето кои тој ги сака, ќе го подобрите бракот.

Дозволете му да се гледа насамо со своите пријатели

Дури и ако неговите пријатели не ве сакаат, и понатаму треба да му дозволите понекогаш да се гледа со нив. Не дозволувајте да се чувствува виновен што ве остава сами дома. И на двајцата ви е потребно да имате одвоен друштвен живот.

Поврзете се со неговото семејство

Многу е важно да бидете во добри односи со неговото семејство, како што и за вас е важно тој да има добри односи со вашето семејство. Контактирајте со неговото семејство и интересирајте се што им се случува. Дури и ако не ги сакате, трудете се да бидете во добри односи со нив и не зборувајте лошо за нив, особено не пред вашиот сопруг.

Допирајте се што почесто

Држете се за раце, милувајте го по коса додека седите или гледате телевизија, измасирајте го… Физичкиот контакт го поттикнува создавањето на хормоните за среќа.

Заборавете на старите проблеми

Она што се случило порано, сега е веќе минато. Не ги отварајте старите карти бидејќи тоа не е фер.

Write A Comment