Свети Валентин помина, но сеуште не е касно да внесете малку романтични ноти во домот. Сепак, ентериерот кој не потсетува на љубовта и слатките моменти, може да не радува цела година. Собравме наколку фотографии преку кои ќе ви презентираме идеи за романтичен дизајн. Постојат примери за романтична спална соба, дневна, трепезарија, па дури и романтична бања. Повеќето дизајниу се најсоодветни за женската соба, но дури и на мжаите би им се допаднале. Темата е во пастелни бои – розова, бела, беж, виолетова, а зошто да не и зелена? Шарите со цвеќиња се перфектен избор за романтичен ентериер.


















