Motherhood

Неколку разлики меѓу рана бременост и ПМС

Симптомите, како што се зголемен апетит, чувствителни гради и разнежнетост, најчесто ги поврзуваме со ПМС, но многу слични појави се јавуваат и во текот на раната бременост.

Хормоните во двата случаи предизвикуваат промени во телото.

ИМПЛАНТАЦИСКО КРВАВЕЊЕ

Ова е еден од првите знаци за бременост кој често може да се замени со менструација. Се појавува од шестиот до дванаесетиот ден од бременоста, кога ембрионот се прицврстува за ѕидот на матката и поттикнува лесно крвавење, проследено со грчеви. Бидејќи сите овие симптоми укажуваат на менструација треба да се обрне внимание на количеството крвавење, кое во овој случај е многу помало.

ЧУВСТВИТЕЛНИ ГРАДИ

Иако чувствителните гради се најчести симптоми на ПМС, тие се и први симптоми за бременост. Чувствителноста на градите во раната бременост не престанува по неколку дена, туку таа станува се почеста.

НЕВООБИЧАЕН ЗАМОР

Исцрпеноста при вообичаените активности и зголемената потреба за одмор се едни од првите знаци на бременост.

ЧЕСТО УРИНИРАЊЕ

Честото уринирање, кое не е попречено со грчеви и болки, како што обично се случува при менструација, е еден од симптомите на бременост. Тоа се случува поради ширење на матката, која ја притиснува бешиката. При бременост телото природно произведува повеќе течности и се јавува поголема потреба за внесување течност.

МАЧНИНА И ПРЕЧУВСТВИТЕЛНОСТ НА МИРИСИ

Зајакнатата потреба за вкусови, слатки или солени, е добро познат симптом за ПМС, како и чувството на тежок желудник. Но тој не е ист како и чувството на мачнина проследена со повраќање, кое се јавува наутро и навечер, а добро е познато како симптом на бременост.

ВРТОГЛАВИЦА

Вртоглавиците и чувството на слабост кај ПМС најчесто се јавуваат како последица на болки кои се создаваат со прекин на циклусот. Но доколку ваквите симптоми траат долго, а не постои циклус, можно е да станува збор за бременост, бидејќи матката врши притисок во артериите на нозете и предизвикува намалување на крвниот притисок, што резултира со слабост.

ЗГОЛЕМЕНА ТЕМПЕРАТУРА

Зголемената температура на телото и честите бранови на жештина се најчести симптоми на раната бременост.

 

Write A Comment