Неделата на модата во Лондон заврши денеска по петдневни ревии на познатите модни брендови, меѓу кои Burberry и Vivienne Westwood. Модните експерти издвоија неколку клучни трендови од ревиите во Лондон.
Кожа – природна и вештачка. Том Форд покажа бела и црна кожа и елеци од вештачка кожа.


Британската ѕвезда Christopher Kane ги облече моделите со црни, кратки здолништа и интересни плетени џемпери.
Можеби тие ќе ве потсетат на училишните униформи, но плисеата се повторно во мода. И зошто да не кога се присутни во фустаните нха дизајнерката Mary Katrantzou.
Плисето е употребено и како цветен детал во здолништата на Richard Nicoll.
Свежо сино. Роксандра Илинчиќ, која е родена во Србија, но долго време живее во Лондон, ги комбинира здолништата со златен појас.
