Чудесното момче родено со само 680 грама, се покажа како фантастичен борец и успешно напредува.

Ова мало бебе е родено цели четири месеци предвреме. Во мајчиниот стомак беше само 24 недели и два дена, а на раѓањето имаше само 680 грама. Никој не веруваше дека ќе преживее, но малечкиот ги изненади сите.
Три месеци по раѓањето, на социјалната мрежа Реддит, неговата мајка ја преку фото приказна ја раскажа чудесната борба на нејзиниот син, кој веќе е надвор од инкубаторот и ужива во топлиот дом заедно со своите горди родители и сестра.

Недела дена откако го виде светот, неговиот татко за прв пат го зема синчето во прегратка. Раченцето не беше поголемо ни од ноктот на таткото.

По 130 дена поминати во инкубатор во породилното одделение, малечкиот конечно стигна дома. По излегувањето од болницата тој беше тежок 3 килограми и 700 грама.

На фотографиите го гледаме и во новата 2014 година. Покрај тоа што е неверојатно сладок, му се восхитуваме и на неговата упорност, храброст и борбен дух.
