Prison brake

Немале пари за ултразвук: Родила бебе со две глави и едно тело!

Урмила Шарма (28) од Индија се породила со царски рез и на свет донела бебе со две глави и со едно тело. Бебето е тешко 3.370 грама.

Девојчето кое сеуште нема има, е под надзор на лекарите, кои велат дека женсите бебето да преживее се многу мали.

“Родителите се многу вознемирени, а ние им стоиме на располагање колку што можеме. Урмила и нејзиниот сопруг Субхаш (32), кои имаат постара ќерка, се толку сиромашни што во текот на бременоста мајката ниту еднаш не направила ултразвук”, рекол лекарот Малик.

“Дури пред две недели откривме дека носи споени близнаци, но беше премногу доцна за се стори нешто”, објаснил докторот. Сега кога бебето веќе се роди, ќе направиме се да го спасиме. Имајќи во предвид дека близнаците делат едно тело, нема да може да дојде до раздвојување”, изјавил докторот.

Напиши коментар