Направи Сам

Немојте да пиете кафе помеѓу 8 и 9 часот наутро!

Доколку сте од оние кои рано се будат, сите честитки. Тоа само кажува дека живеете здраво – рано легнувате, веројатно јадете повеќе оброци на време, не го менувате расположението често.

Но многу истражувања потврдиле дека повеќето луѓе кои рано стануваат и уживаат во шоља кафе сакаат ова задоволство да си го приредат помеѓу 8 и 9 часот наутро. Оваа навика може многу да ги наруши бенефициите на раното станување.

Journal of Clinical Endocrinology and Metabolism објави студија со која се потврдува дека човечкото тело најмногу кортизол лачи околу 8:30 наутро.

Ова е хормон кој го излачува надбубрежната жлезда, која го зголемува нивото на енергија, го викаат “хормон на стресот”, одговорен е за зголемување на крвниот притисок, нивото на шеќер во крвта. Тој е вистински “допинг” за организмот. Кога на сето тоа ќе додадете шоља кафе со добра доза на кофеин, се лачи многу повеќе кортизол и организмот лесно доаѓа со состојба на анксиозност.

Д-р Стивен Милер вели:…”Кога пиете кафе од 8 до 9 часот наутро, го пиете за време кога вашето тело е брзо и внимателно благодарејќи на кортизолот… Ќе има време за кафе по 9.30 па до 11.30 кога нивото на овој хормон во крвта опаѓа и кога ќе го почувствувате вистинскиот ефект од кафето. Доколку наутро ви треба нешто топло и нешто што ќе ве освежи, можете да се напиете чаша млака вода со лимон и мед, а кофеинот оставете го за подоцна”.

Напиши коментар