Најважно на венчавката, кога е цвеќето во прашање е венчалниот букет. Откако него сте го избрале, тогаш изборот на останатите цветни аранжмани не треба да претставува никаков проблем.
До неодамна во мода беа централните аранжмани за декорација на свадбената просторија и високите декорации кои во последно време се помалку можат да се забележат во свадебените сали.
Сега се во тренд декорациите на целата маса, повеќе мали детали од кои се најинтересни топчињата, листовите од цвеќиња, и помали аранжмани од бело цвеќе. Во тренд се и камените вазни, додека свеќите се и понатаму популарни.


![]()





