Мода

Неспоредлива грациозност – Elie Saab Haute Couture 2014-15

Славниот либански моден дизајнер веќе долго време го воодушевува модниот свет со своите романтични, грациозни фустани од бајките. Речиси и да не постои жена која барем еднаш не посакала таква креација. раскошните фустани од свила и шифон често се украсени со илјадници рачно нашиени кристали и извезени детали.

Уште една подеднакво фасцинантна колекција на Ели Сааб беше неодамна претставена во Париз. На колекцијата доминираа фустани во раскошни и богати нијанси и крзна. Беспрекорната елеганција, допирот на старите времиња и прекрасниот колорит уште еднаш нè одушевија и уште еднаш потврдија зошто Ели е миленик на толку жени низ целиот свет.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

15

Напиши коментар