Motherhood

Неуспехот – најважната лекција за секое дете!!!

Повеќето луѓе уште при самата помисла на неуспех, чувствуваат непријатност. Ниеден родител не сака неговото дете да се соочи со непријатност. Луѓето неуспешноста ја гледаат како завршница, доказ дека планот не успеал или дека идеите не биле доволно добри. Вистината е дека – неуспехот му се случува на секого !!!

„ Ученикот кој никогаш не пробал да направи нешто што не може да го направи, никогаш нема да дознае колку може да направи “- Џон Стјуарт Мил

Родители !!! Советувајте ги Вашите деца дека единствено нешто кое ги одвојува луѓето  кои успеваат од оние кои не успеваат е правилното сфаќање на моќта на неуспехот. Успехот бара да учите од грешките и погрешните чекори кои ќе ги направите, пред да паднете во очај и да се откажете… Шансата лежи во секој пораз…

Ви претставуваме 3 причини кои објаснуваат зошто неуспехот е клучен за успех:

1. Неуспехот има функција на тренинг – Најдобар начин да се измери макотрпноста на напредокот е да се изброи бројот на неуспеси.

2.Неуспехот е средство – Од неуспехот, учиме анализирајќи зошто ни се случила грешка и правиме стратегија околу она што би требало да го направиме наредниот пат и што би требало да промениме. Хенри Форд кажува „ Неуспехот Ви дава прилика да започнете повторно, но попаметно “.

3.Неуспехот го гради карактерот – Доколку детето постигнува успех со минимум напор, би можело да се заклучи дека да се успее е лесно. Меѓутоа, учете ги Вашите деца дека успехот е тежок и за него треба да се борат.

Write A Comment