Sweet Home

Неверојатен еднособен скандинавски стан

Погледнете ги фотографиите подолу и ќе откриете апартман кој зрачи со топла атмосфера, исполнет со инспиративни дизајнерски идеи, личен допир и простор.

Секој од 44-те квадратни метри во овој скандинавски стан е оптимизиран, што резултира со дом кој едноставно воодушевува. Комбинацијата од неколку разновидни материјали (дрво, цигли и кожа) совршено се надополнува со црно-белиот мебел.

Станот се состои од многу отворен простор, високи тавани и неколку шармантни детали кои го зачувуваат карактерот на 100 години старата зграда во Шведска.

Апартманот е делумно поделен на два дела со ѕид од цигли, а овој детал визуално ги зголемува прозорците кои овозможуваат огромна количина на природна светлина да допре до просторот.

 

Write A Comment