Здраво тело

Неверојатен лек! Млади зелени ореви со мед

Младите зелени ореви имаат многу витамин Ц и треба да ги користат оние со слаб имунитет или слабокрвните. Младите зелени ореви измешани со мед, благопријатно дејствуваат во случаите на омалкасаност, и многу помагаат во прочистување на стомакот и крвта.

Младите ореви измешани со мед содржат големо количество јод, кој лесно влегува во организмот. На фотографиите што ќе ги видите тие се штотуку ставени во тегла, кога ќе отстојат стануваат темни, и медот исто така, и на крајот се добива темен сируп. Се зема по една лажичка дневно.

0

Потребни состојки:

40 млади ореви

1кг мед

Младите јатки од ореви добро се мијат, се делат на половина и се стават во тегла, а потоа се полеваат со мед.

Садот добро се затвора и се остава да отстои еден месец.

За тоа време оревите ќе потемнат.

Лекот е добар при проблеми на работата на штитната жлезда, за болки во грлото, за засилување на имунитетот.

Write A Comment