Секоја свадба треба да има одредена боја според која ќе бидат поставени сите украси, тортата, бомбоните и сите останати работи поврзани со венчавката.
Најчесто младенците се решаваат за комбинација на две или три бои, кои се тематски за нивната свадба. Погледнете ги овие интересни комбинации на бои кои можеби ќе ви дадат идеја за вашата свадба:
Сина, портокалова и магента
Розева, крем и светло зелена
Морнарско сина, зелена и бела
Розева, златна и кремаста
Светло зелена, лилакова и бела
Тиркизна, жолта и бела