Prison brake

Неверојатни работи кои вашето тело може да ги направи: Да ја предвиди иднината, да ве врати во минатото!

Дали сте знаеле дека вашето тело може да ја предвиди иднината, да ви го спаси животот и да ве врати во минатото. Ако не верувате, прочитајте го текстот и уверете се во 9-те необични работи кои вашето тело може да ги направи.

Вашите болни зглобови можат да го предвидат времето

Приказните за болните зглобови не се само приказни, тврди ортопедот Роберт Таит. “пред да почне да врне воздушниот притисок паѓа. Нервите и зглобовите регистрираат релативно зголемување на притисокот на зглобовите кој доведува до чувство на болка. Можеби зглобовите многу ве болат но барем знаете дека треба да си понесете чадор кога ќе излезете надвор.

Очите ни откриваат кога телото ви е преладено

Сите се тресат кога им е ладно, но доколку сакте да знаете кога е некој озбилно преладе, погледнете му ги очите. “Кај јака хипотремија, крвните садови се стискаат заради заштедување на енергија. Тоа доведува до привремено стеснување на видното поле”, тврди доктор Рупе Хансра, директор за испитување на очни болести.

Вашето срце може да ја предвиди иднината

Истражувачите од неколку универзитети, два од САД, и еден од Италија спровеле интересно истражување. Им покажувале на испитаниците различни фотографии и ги проучувале нивните реакции. Некои фотографии биле емоционално неутрални, додека другите биле страшни и предизвикувале одговарачка реакција. Научниците утврдиле дека работата на срцето се забрзува и десет секунди пред да им се покаже фотографијата. Срцето на некој начин предвидело што ќе се случи.

Вагината може да се возбуди пред мозокот

Истражувањето направено во Холандија покажало дека вагината станува влажна и спремна за однос многу порано пред жената да стане свесна дека е возбудена.

Зениците откриваат кога сте заљубени

Кога некој ве привлекува, вашите зеници се шират, тврдат научниците. Меѓутоа, тоа не се случува само кај заљубеноста, туку и кога нешто ве прави среќни.

Мирисот може да ве врати во минатото

Подрачјето во мозокот кое е задолжено за мирис, се наоѓа во внатрешноста на подрачјето задолжено за емоции.

Вашите очи можат да го предвидат доаѓањето на пролетта

Иако времето може да биде облачно, ладно и врнежливо, алергијата заради која очите ви солзат и ве чешаат, може да биде најава дека пролетта наскоро ќе дојде.

Мигрената може да предвиди екстремна промена на температурата

Луѓето кои имаат мигрена осетливи се на промена на температурата, на многу топло и на многу ладно време. Такавите промени создаваат хемиски дисбаланс во мозокот кој предизвикува мигрена. Затоа се препорачува сите кои имаат мигрена да останата во затворен простор кога се температурите екстремно високи или екстремно ниски.

Напиши коментар