Иако со мали димензии, овој стан зрачи со шарм и би можел да биде совршено привремено решение за студенти или прв дом на млад брачен пар. Она што го пшарви посебен е многу добро осмислениот ентериер.
Со оглед на квадратурата од 40 метри квадратни, овој еднособен стан би изгледал многу мал доколку не е вака добро испланиран.
Од едната страна на собата сместена е удобна софа, масичка и кревет на спрат во структура на кутија. Под креветот има многу простор за скалдирање на гардероба.
Кујната се наоѓа на спротивната страна на собата. Отворена е и со паметен дизајн, со ѕидни ормани и со вградени погодности.
Бањата е голема скоро колку и кујната. Како што можете да видите на фотографиите, станот кој во теорија е многу мал, со паметена изведба може да биде многу шармантен и удобен.