Вашето тело во наредните 30 секунди ќе исфрли околу 174 илјади изумрени клетки на кожата, ќе произведе 72 милиони црвени крвни клетки, а притоа ќе вдишете само осум пати. Неверојатни факти за човечкото тело се навистина фантастични, бидејќи често ни самите не сме свесни што се може нашето тело.
Во наредната половина минута, вашето срце ќе чукне 36 пати, а оние милиони крвни зрнца кои ќе ги произведете, ќе пропатуваат во 30 секунди заедно со останатиот дел од вашата крв неверојатни 6.5 километри низ крвните садови.
И додека сето тоа се случува, ќе трепнете 7 пати, а низ главата ќе ви поминат околу 25 мисли, а вашето тело ќе произведе околу 100 вати на енергија.
Сите овие податоци се базирани на многубројни истражувања. Ова секако не е точно и прецизно за секоја личност – кај некои срцето чука поспоро, а кај некои побрзо. Ова се само просечни резултати, но во секој случај се фантастични, зарем не?