Оваа колекција која зрачи со мекост, е создадена од ефектите кои ги креираат слоевите, деловите со чипка и свилените силуети. Каролина Херера ја создаде оваа колекција, инспирирана од самата невеста и како таа ги доживува фустаните. За неа, скриениот луксуз изобилува со слоеви тул под чипка, свилен шифон, еластични корсети и рачно сошиени везови.











