Здраво тело

Невидливи крадци на животната енергија !

Во секојдневниот живот постојат многу фактори кои не исцрпуваат повеќе отколку што сме свесни. Кои се тие невидливи крадци на Вашата животна енергија ???

Склоноста кон планирање

Доколку припаѓате на оние луѓе кои прават список на тоа што треба да го направат наредниот ден или недела, имате поголеми шанси да се чувствувате уморни. Истражувачите на Универзитетот Тилбург од Холандија, открија дека личностите кои однапред размислуваат за тоа што треба да го завршат се склони кон замор, бидејќи чувствуваат огромен притисок врз себе. Затоа се препорачува се што треба да сторите утре сторете го тоа утре, бидејќи утре е утре !!! Одморени и смирени и резултатот ќе биде попозитивен отколку што верувате дека ќе биде.

Зрачење на електричните апарати

Позитивните јони кои ги емитуваат електричните апарати ( фрижидер, клима уред, телевизор …) создаваат појачано лачење на хормоните на депресија а со самото тоа и создаваат замор. Затоа стручњаците препорачуваат користење на јонизатори, со што би се зголемила концентрацијата на негативни јони во воздухот. Негативните јони го зголемуваат расположението и ја подигнуваат животната енергија.

Работа на компјутер

Знаете ли дека мониторот ( независно од видот ) го забавува лачењето на хормонот мелатонин, хормонот на сон ??? Според тоа не се препорачува работа на компјутер пред спиење. Пробајте да не работите на комјутер 1 до 2 часа пред да легнувате и на тој начин ќе го отстраните чувството на замор наредното утро.

Телефонирање

Личностите кои се вработени во телефонските централи или во така наречените call-центри, секретарките, односно сите оние, на кои добар дел од работата се извршува преку телефон, губат многу течности од организмот, токму поради тоа што многу зборуваат. Главен извор на нивниот замор и губиток на енергија е дехидрацијата на организмот а со самото тоа и згуснување на крвта, намалување на количеството на кислород. Токму поради тоа се препорачува дополнителен внес на течности.

Write A Comment