Мода

Незаборавните модни комбинации на Кери Бредшо

Преку шест сезони на легендарната серија, Кери постави нови трендови и сите ги воодушеви со стилот! Ги издвојуваме највпечатливите…

Додека чекаме на одговор дали славната екипа ќе не израдува со трето филмско продолжение, одлучивме да ги резимираме најдобрите комбинации на облека кои легендарната Кери ги носела низ шест модни сезони!

Picnik coddddddllage

Кери ја сакавме во пакет, а тој пакет ја вклучува и нејзината стилска облека. Кери беше и остана најголема трендсетерка (покрај Серена и Блер) во светот на телевизиските серии.

Тешко е со еден збор да се опише нејзиниот стил: храбар, провокативен, во тренд, урбан, ексцентричен, различен…но каков и да е, Кери успеа да го изнесе на најдобар можен начин.

Од кратки маички на прерамки, преку крзнени јакнички до фустани во голем број силни бои. Кери е неисцрпна инспирација и жена чиј стил е незапирлив!

Напиши коментар