Не е тајна дека Кание Вест сака од својата венчавка со Ким Кардашијан да направи спектакл на годината, а колку се тие подготвени да одвојат за таа цел, најдобро покажуваат трошоците по секој гостин поединечно. Како што пренесуваат медиумите, дури и поканите ќе бидат прескапи – изработката на една од нив чини повеќе од 700 евра!
“Ким и Кние сакаа поканите да бидат што пораскошни па ангажираа кој направи кутии комбинирајќи злато и свила, а во нив се наоѓаат фотографии кои илустрираат романса но и позлатена покана”, раскажува еден извор. Парот, исто така нема да штеди на подароци, па така сите гости ги очекува торба со прескап шампањ, Сваровски кристали и најдобра козметика.
“Ова ќе биде најголемата венчавка било кога и Ким сака ова да биде искуство кое никој од нејзините гости нема да го заборави”, додава истиот извор.
