Пијалок со парче лимон не треба да нарачувате во баровите и рестораните,е совет од група на истражувачи, чија стидија беше објавена во американскиот весник “Journal of Environmental Health Study”.
Научниците всушност ја тестирале кората и пулпата на 76 лимони во 21 ресторан и во 70% од анализираните примероци се пронајдени голем број на различни бактерии.
-Лимонот е познат по своите антибактериски својства. Резултатите на нашата студија, сепак, покажаа дека голем број на микро-организми можат да преживеат на кората и во внатрешноста на цитрусот кога ќе се исече на парчиња – рече еден од авторите на студијата.
-Гостите на угостителските објекти треба да бидат свесни дека парчињата лимон кои се додаваат во некои пијалоци може да содржат потенцијално патогени микроорганизми – додава тој.
Филип Тиерно, професор по микробиологија во еден медицински центар во Њујорк, спроведе над десетина слични тестови и покажа дека половина од анализираните парчиња од лимон се контаминирани 0 со човечки измет и бактерии кои потекнуваат од респираторниот тракт и кожата.
Некои примероци од лимон укажувале и на присуство на Кандида – габично заболување на внатрешните органи.
