Motherhood

Никогаш не се расправајте, а ако се расправате бидете најадени!

Никогаш не се расправајте со партнерот, а кога веќе го правите тоа обидете се да сте најадени!

Како што напоменуваат авторите на студијата, бидејќи мозокот зазема само 2% од нашата телесна маса, тој троши околу 20% од вкупниот број на калории. Според тоа, може да се каже дека на мозокот му е потребна голема количина на енергија. Тоа е многу едноставен совет, но навистина делува: пред да се расправате со партнерот, прво јадете или одложете ја расправијата за наредниот ден.

Овој совет го дале американските научници откако го проучувале нивото на шеќер кај паровите под влијание на агресија во склоп на новото истражување објавено во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences. Во истражувањето учествувале 100 брачни парови кај кои е мерено нивото на шеќер наутро и навечер.

Според зборовите на Brad Bushman, лицата кои имале пониско ниво на гликоза во крвта биле значително полути, па дури и оние кои изјавиле дека со партнерот имаат добар однос при пониско ниво на шеќер во крвта чувствувале лутина.

Научниците советуваат дека за да имате здрав однос посебно е важно да ги држите чувствата под контрола.  Исто така имајте на ум дека можноста за самоконтрола е најслаба во ноќните часови, а професорот Bushman истакнува дека расправата за деликатните и тешки теми треба да се остави за “десерт”.

Напиши коментар