Долго време се очекуваше митскиот Apple TV сет концепт. Како што се знаеше, Apple припрема нов концепт кој ќе има Сири услуги. Се работи за телевизор со големина од 32 и 37 инчи. Доколку стварно се оствари тоа што е најавувано, очекуваме да изгледа како Тв-то на фотографиите. Инспирирани од дизајнот на IOS 7, Мартин Хајек и Анреј Амросино соработуваа за креирање на овој закривен сет на телевизори кој значајно ќе го намали отсјајот и рефлексијата и ќе може да се ужива во гледањето телевизија.

