Здраво тело

Нов метод на детоксикација според доктор Сарачолу: Го зајакнува имунитетот и ги намалува килограмите

Зајакнете го имунитетот и ослабете неколку килограми со помош на методата која ја претстави познатиот турски хемичар и микробиолог доктор Ибрахим Сарачолу.

Методот на детоксикација на организмот според доктор Сарачолу ги распаѓа мастите (посебно околу црниот дроб), го намалаува апетиот, а има и диуретичко, антивирусно и антигабично дејство. Овозможува намалување на неколку вишок килограми, го зајакнува имунитетот, чисти, го “раствора” каменот во бубрезите и жолчната кеса, ја подмалдува кожата.

Докторот го советува овој метод на детоксикација особено за болните од хепатитис Б или Ц. Секако детоксот ќе има позитивно влијание и на вашата кожа.

Како да го подготвите:

Темелно иситнете (во блендер или на друг начин) мала врска магдонос и две чешниња лук. Во добиената смеса додадете една лажица сок од лимон и 150мл вода. Измешајте. Овој сок треба да го пиете пред појадок и вечера 3 дена ( се подготвува посебно нова порција за појадок и вечера).

После тоа, правите сок од магдонос и лимон, без лук. Тој сок пијте го 3 дена, исто така пред појадок и вечера. Следните 3 дена, повторно подгответе сок со лук. Вкупно трае 9 дена. По овие две недели одморете, а потоа повторете ја турата од 9 дена.

 

Write A Comment